Época 2022/23, QUALIFICAÇÃO PARA O CAMPEONATO DA EUROPA DE 2024 - Portugal x Turquia, em Matosinhos, no Centro de Desportos e Congressos de Matosinhos

Переира одбра за СП – смета на Фраде, Гомеш, Силва….

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Португалија, Пауло Переира го објави конечниот список на играчи пред настапот на Мундијалот во Полска и Шведска.

Искусниот стратег го најдобриот состав  со кој ќе и се спротистави на Исланд, Унгарија и Јужна Кореја и ќе атакува на пласман во следната фаза.

Переира ќе може да смета на клучните играчи како Луис Фраде од Барселона, Андре Гомеш од Мелсунген, Диого Силва од Екс ан Прованс, потоа членот на Нант, Александре Калваканти…

Португалија првиот дуел на СП ќе го одигра против селекцијата на Исланд. Дуелот против островската земја е закажан за 12, јануари, потоа два дена подоцна, односно на 14 јануари, избраниците на Переира ќе играат против Јужна Кореја, додека во последното коло од групната фаза силите ќе ги одмерат со Унгарија.

Трите најдобри селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во следната рунда на Мундијалот. Португалија на минатиот Мундијал заврши на 10. позиција.