Переира одбра за ЕП – со двајца интернационалци и без играчи од Бенфика

Селекторот на Португалија, Пауло Переира, го соопшти скратениот список на ракометари за подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Переира се реши за 19 ракометари, но на списокот нема неколку познати имиња. Повредени се Луиш Фраде, Жилберто Дуарте, Диого Силва, Педро Портела, а најново име на листата е Андре Гомеш, кој исто така ќе го пропушти ЕП.

Меѓу повиканите се само двајца интернационалци – голманот од Сесон Рен, Мигел Еспиња и десниот бек од Кувајт Спорт, Анхел Ернандес, а нема играчи од Бенфика.

Најголем број доаѓаат од шампионот Порто, како и од вицепрвакот Спортинг Лисабон, а уште тројца од Агуас Сантас.

Португалија ќе игра во група со домаќинот Унгарија, Исланд и Холандија.