Пелистерци тренираа во Лисабон, подготвени за нова европска битка (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска гостуваат во Португалија каде што вечерва ќе се обидат да дојдат до нови бодови. Спортинг е тежок ривал и нема да биде едноставно, но ќе мора да се одигра најдобро што може.

На оваа средба ќе треба нивото на играта да биде кренато на највисоко и да се повтори формата од дуелите против Аек и Татабања.

Пелистерци тренираа во Лисабон во салата „Жоао Роча“ и ќе влезат подготвени за битка со домаќинот.

Секако денеска од 20:45 часот ќе се следи интересен и допадлив ракомет и ќе биде максимално интересно.