Ојлески: Нашата форма е во нагорна линија, сите веруваме во триумф

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре го играат натпреварот од четвртата рунда во Лигата на Европа.

Во Битола доаѓа незгодната Татабања, а левото крило Гоце Ојлески вели дека формата на тимот е во нагорна линија и се надева на втор европски триумф.

„Добро се познаваме со Татабања, минатата сезона одигравме два натпревари. Секако дека со доаѓањето на Ѓукиќ, има некоја позитивна енергија, играат подобро од претходните натпревари и тоа е голем плус за нив  еден квалитет плус им донесе новиот стратег. Убаво е кога се победува, особено на гостински терен. Нашата форма оди во нагорна линија, одлично се подготвуваме, играме добро и нема зошто да не веруваме дека ќе победиме на овој меч. Очекувам тврд и тежок натпревар, ривалот има високи и корпулентни играч, против цврста екипа со добри голмани, но пак ќе речам сите веруваме во победа“, изјави Ојлески.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања се игра утре во „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18:45 часот.