ОФИЦИЈАЛНО: Игор Котевски е нов тренер на Јуниор Кисела вода

Екипата на Јуниор Кисела вода пред неколку дена објави дека се раздели со тренерот Ристо Магдинчев, а денеска веќе има нов стратег со кој ќе влезе во новата сезона, a тоа е легендата на македонскиот ракомет, Игор Котевски.

После завршувањето на сезоната Котевски се раздели со тимот на ГА КЛ 7, а од тимот на Јуниор Кисела вода успеаја да го договорат така што со него ќе влезат во новата сезона во која ќе биде доста тешко бидејќи ќе се води голема борба во Првата машка лига за влез одново во суперлигашкото друштво.

Игор Котевски е искусен тренер кој во својата кариера има работено во повеќе екипи од Скопје. Со сите имаше забележителни резултати, а неколку од нив успеа да внесе од првата во Супер лигата. Оттаму добро му е познато што го очекува така што во новата сезона му претстои тешка задача во силната прволигашка конкуренција.

Тимот на Јуниор Кисела вода во последната сезона играше во проширената Супер лига, но заедно со уште неколку екипи го напушти суперлигашкото друштво. Претходно Јуниор КВ неколкупати во баражот не успеваше да дојде до Супер лигата. Оттаму и во новата сезона ќе биде меѓу кандидатите за највисок пласман.