Ончев и Трпчевски го напуштија Крф, можен камбек во Македонија?

После само неколку натпревари и лошиот старт на сезоната дојде до разделба на двајца македонски интернационалци со тимот на Фаикас Корфу.

Тоше Ончев и Стефан Трпчевски се првите двајца ракометари кои заминуаат од клубот после тренерот кој си замина откако резултатите не беа на нивото кое се очекуваше.

Откако резултатите беа слаби, а и пандемијата со коронавирусот направи сериозени финансиски проблеми на поголемиот дел на клубовите, така што ова е резултат и на пандемијата и на резултатите на теренот.

Засега уште не е познато кој ќе биде новиот тренер на клубот, но сосема извесно е дека Ончев и Трпчевски нема да играат за екипата во продолжението на сезоната и дека ќе можат да си побараат нова средина.

Постои опција за враќање во Македонија, бидејќи еден суперлигашки клуб веќе се интересира за нивните услуги, а понуди има и од уште еден грчки клуб, кој веќе е запознат со квалитетите на двата бека.