Ончев и Тримо на плус шест против Холстебро, на добар пат кон втор круг

Интернационалецот од Македонија во редовите на Тримо Требње, Тоше Ончев со своите колеги одигра добар натпревар во 1. коло од Лигата на Европа и на гостувањето во Данска ќе патува со предност од шест гола, 31:25.

Нема да биде воопшто лесно на реваншот, но сосема извесно е дека тимот на Тримо ќе биде во предност која ќе треба да ја одбрани.

Денеска, Ончев имаше добар настап во кој реализираше двапати со што помогна за победата.

Најефикасни во редовите на Тримо Требње беа Гаспер Хорват и Михајло Радојковиќ кои постигнаа по осум гола, додека во тимот на на Холстебро тројца имаа по четири гола, Дамгард, Хаусков и Браминг.

Реваншот ќе биде одигран на 5 септември од 18 часот.