Од следната сезона во полскиот шампионат – најмалку двајца домашни ракометари на терен

Федерацијата на Полска презема мерки за да го поттикне развојот на домашни млади играчи со цел да се подигне квалитетот на репрезентативниот ракомет. За таа цел воведува ново правило за играчи во домашното првенство.

Почнувајќи од наредната сезона Полска воведува ново правило каде што ќе мора во исто време на теренот да има најмалку двајца полски ракометари. Уште оваа сезона ќе важи правилото кое овозможува на еден натпревар да има тројца играчи кои немаат пасош од Европската унија.

Од овие промени најпогодена би била екипата на шампионот Келце каде што играат четворица играчи без европски пасош и се предмет на ограничување. Новото правило ќе важи за натпреварите од првенството и во машка и во женска конкуренција, а исто така и на натпреварите во куповите на Полска.