Од ракометен влегува на политички терен

Тренерот на екипата на Монпелје, Патрис Канаје ќе води битка и на жешкиот политички терен во Франција. Тој планира да биде во служба на жителите на најјужниот регион во Франција, Окситанија, пишува „Hand News“.

Канаје како политичка опција ја одбра Социјалистичката партија на Франција. Искусниот тренер за регионалните избори во Франција ќе биде еден од кандидатите на социјалистите за наследник на претседателот во заминување, Керол Делга од функцијата, претседател на регионалниот совет на Окситанија.

Регионалните избори во Франција се закажани следниот месец, 20 јуни.

Ова не е прв пат, Канаје да учествува во политичкиот живот во неговата земја, но во минатото даваше само поддршка на Социјалистичката партија.