„Од економ до ген. секретар – ништо не ми било ниту срам, ниту тешко да работам за ракометната кауза“

Паралелно со судискиот ангажман, Марјан Начевски работи и во Ракометната федерација на Македонија.

Од ‘88 до ’96 е генерален секретар на РФМ, а потоа од 2003 до 2013 година одново ја извршува оваа функција.

За него се вели дека е човек – работник, на кој ништо не му е тешко да направи за каузата македонски ракомет.

„Не ми било срам да работам што и да треба за да направиме подобри услови за натпревар, за играчите, за репрезентацијата. Не сум имал проблем да бидам и економ, да трчам да печатам дресови, да лепам плакати во сала, дури сум масирал и играчи. Прашајте го Наумче Мојсовски може да ви ја потврди случката што ќе ја раскажам. Пред еден квалификациски меч со БиХ во Сараево, клучен за нас за пласман на ЕП, доаѓам во хотелот на репрезентацијата на неколку часа пред натпревар. Го гледам Мојсо седи сам во агол од фоаљето, пие чај и ми вели ’Вујче, јас нема да играм.’ Му велам како нема да играш, клучен натпревар, ни требаш. Го повикав докторот, тој ми објаснува како Мојсо има температура, го болат коските, исцрпен… Секогаш со мене во автомобил носам еден лек, го зедов и со него скоро еден час го масирав Мојсо. Тој се препоти целиот и му велам сега одмори, а после на натпревар не само што ќе играш, туку ќе бидеш и најдобар играч и ќе постигнеш најмногу голови. Се одмори Мојсо, се тушира и доаѓа на натпревар и ми вели, мислам дека ќе можам да играм. На тој натпевар Мојсо имаше 9 од 10 гола и потоа ја победивме БиХ и во Скопје и се пласиравме“, се потсетува Маки.

Подолу прочитајте го интервјуто со Марјан Начевски…

ИНТЕРВЈУ МАРЈАН НАЧЕВСКИ: Ракометот е посилeн од мене – без него не можам да живеам