Одложен е натпреварот меѓу Вардар и Елверум!

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Елверум, што требаше да се игра в четврток во Скопје е одложен!

Причините поради кои оваа средба нема да се игра е барањето на норвешкиот шампион, кој доколку гостуваше во Скопје, по враќањето назад во татковината ќе мораше да биде во изолација две седмици.

Македонија се наоѓа во „црвена зона“ со голем процент на активни случаи, и ако Норвежаните гостуваа во Скопје, задолжително ќе мораше да бидат во карантин, а тоа повлекува одложување на средби и од норвешкиот шампионат и од ЛШ, најмалку уште една.

Европската ракометна федерација го прифати барањето на Елверум и веќе се бара нов термин, кога оваа средба би можела да биде одиграна.

Вардар во првото коло загуби кај Мешков Брест, додека Елверум изненадувачки славеше на гостински терен во Порто.