Одигра 31 минута, а заработи 170.000 евра

Најдобрата ракометарка на Норвешка, Нора Морк во новата сезона ќе го носи дресот на екипата на Кристијансанд. Таа од ЧСМ Букурешт се пресели во тимот кој е шампион на Норвешка и ќе биде големо засилување доколку успее конечно да ја врати формата односно да врзе неколку месеци на теренот.

Поради проблеми со честите повреди на коленото таа повеќе беше отсутна отколку што беше на терен, а тоа го покажува и фактот дека во минатата сезона одигра само 31 минута во дресот на ЧСМ Букурешт. Таа се повреди на 25 август минатото лето на средбата од Супер купот на Романија.

До крајот на сезоната не одигра ниту една минута повеќе, но си ја доби платаа која и беше догорена. Според тоа беше најплатениот гледач во ЧСМ Букурешт бидејќи за 31 минута на терен доби 170.000 евра.

Она што е интересно е дека Морк во новата сезона ќе се соочи со своите поранешни колешки бидејќи Кристијансанд и ЧСМ Букурешт се во иста група од Лигата на шампионите.