Обрван објави список пред Унгарија – повикан и пелистерецот Периќ

Селекторот на машката репрезентација на БиХ, Ивица Обрван го објави списокот на повикани ракометари за двата пријателски натпревари против Унгарија закажани за 4. и 5. ноември во Будимпешта.

Собирот на босанската репрезентација е закажан за 1 ноември во Сараево. На списокот помеѓу повиканите ракометари се најде и членот на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ, како и екс ракометарот од битолскиот тим, Марин Вегар.

За пријателските натпревари против Унгарија кои ќе послужат за проверка на репрезентацијата на БиХ пред Европското првенство во јануари, Обрван може да смета на 21 ракометар.

ГОЛМАНИ

Бенјамин Буриќ (Фленсбург)

Небојша Бојиќ (Целје)

Адмир Ахметашевиќ (Висла Плоцк)

Харун Хоџиќ (Шамбери)

КРИЛА

Ален Овчина (Слобода Тузла)

Ади Мехмедчехајиќ (Грачаница)

Ибрахим Хасељиќ (Горење Велење)

Лука Периќ (Борац Бања Лука)

БЕКОВИ

Мирко Херцег (Чургу)

Един Клис (Загреб)

Марин Вегар (Констанца)

Дино Хамидовиќ (Ѓенѓеш)

Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер)

Милан Вукшиќ (Извиѓач)

Дамир Кадриќ (Грачаница)

Дејан Малиновиќ (Балатонфуреди)

Драган Павловиќ (Копер)

Берин Кешо (Извиѓач)

ПИВОТИ

Владимир Врањеш (Мешков Брест)

Сењјамин Буриќ (Скјерн)

Адин Фаљиќ (Загреб)