Обрадовиќ ја стави Лекиќ на поширокиот список, но дали таа ќе игра…

На женската репрезентација на Србија и претстојат квалификациски натпревари за Олиписките игри во Токио и за Европското првенство во 2020 година.

За овие натпревари селекторот Љубомир Обрадовиќ го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета на дуелите во Ѓер од 20 до 22 март и двомечот со Русија.

Ростерот на играчи не се разликува многу од оној кој беше на Светското првенство во Кумамото. Единствено ја нема Марија Обрадовиќ која има повреда на коленото.

Од поодамна е позната нетрпеливоста меѓу селекторот Љубомир Обрадовиќ и средниот бек Андреа Лекиќ, која иако се наоѓа на списокот, голема е можноста да не биде во ростерот на Србија за натпреварите.

Поширок состав на Србија: (Голмани) Катарина Томашевиќ, Јована Рисовиќ, Кристина Граовац, Марина Пантиќ, (Леви крила) Сања Радосављевиќ, Дијана Радојевиќ, Тимеа Милошевиќ, Милица Ранчиќ, (Пикери) Слаѓана Поп Лазиќ, Драгана Цвијиќ, Јована Милојевиќ, Јелена Агбаба, (Бекови) Јована Стоиљковиќ, Јелена Трифуновиќ, Јована Ковачевиќ, Јована Јововиќ, Кристина Лишчевиќ, Андреа Лекиќ, Александра Вукајловиќ, Ивана Митровиќ, Јелена Лавко, Дијана Штевин, Анѓела Јањушевиќ, Марија Агбаба, Јелена Терзиќ, (Десни крила) Жељка Николиќ, Ана Којиќ, Јована Богојевиќ.