Обрадовиќ: Имаме голема самодоверба, не треба да му дозволиме лесни голови на Спортинг

По реми и две победи во низа, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува петтиот натпревар од Лигата на Европа.

Битолчани му гостуваат на Спортинг Лисабон, а левиот бек Немања Обрадовиќ очекува позитивен резултат.

„Во овој момент имаме голема самодоверба, иако  на тој прв меч со Ним малку лутавме, но сепак сега ја пронајдовме нашата вистинска форма. Спортинг Лисабон е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме со нив. Знаеме како против нив, домашниот терен е можеби нивна предност, но ние одиме подготвени и на победа во Лисабон. Нашата цел ќе биде да не им дозволиме да постигнуваат лесни погодоци, ако тоа го исполниме сигурно имаме шанса да освоиме еден или два бода“, вели Обрадовиќ.

Натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.