„Носот ми е како усна хармоника – имам шест скршеници“

Ракометарката на Кристијансанд и норвешката репрезентативка Хајди Локе, наскоро ќе оди на операција на носот.

Таа заработи скршеница на носот на натпреварот против Данска од СП во Јапонија во дуелот со Лоте Григел, но и покрај тоа беше активна на терените.

„Мојот нос повеќе личи на усна хармоника. Имам шест скршеници, коската ми е изместена. Кога спијам, морам да дишам преку уста и не можам така да продолжам. Ако имаше Олимпијада ова лето, ќе почекав, но сега нема смисла и ќе одам на операција“, изјави Локе за норвешката „ТВ2“.

По операцијата, Локе би требало да се врати на терените по неколку недели и да биде подготвена за новата сезона.