Норвешка држи сè под контрола, ја реши и Холандија

Селекцијата на Норвешка продолжува со победите на Олимписките игри и има четири од четири во досегашниот дел од турнирот во женска конкуренција откако денеска го совлада и составот на Холандија со 29:27.

Во текот на целата средба имаше интересна игра, а особено возбудливо беше второто полувреме. Сепак, квалитетот на Норвежанките дефинитивно изби на поврина кога беше најпотребно за да се освојат нови бодови.

Од почетокот Норвешка го диктираше темпото и имаше сè под контрола. Успеа да создаде предност од три гола после 30 минути игра и да има 16:13 на паузата.

Овие плус три не гарантираа мирно продолжение и сè одеше според планот до средината на вториот дел кога Холандија успеаја да се врати и да го сврти резултатот во своја полза. Имаше и предност, но Норвешка брзо израмнуваше.

Јасно беше дека сè ќе се решава, а тогаш при 26:26 следуваше серија од 3:0 и решение за победникот на овој дуел. Норвешка стигна до водство од 29:26 и до клучен удар кон противникот за запечатување на натпреварот и обезбедување на новата победа со која сигурно го има првото место во Групата А.

Нора Мерк продол со одличните игри и денеска имаше убедливо најмногу голови. Постигна дури девет, а со шест зад неа остана Вероника Кристијансен. Во Холандија седум имаше Ингер Смитс, а пет Даник Снелдер.

И двете селекции веќе имаат обезбедено пласман во четврт-финалето, а во последното коло Норвешка игра против домаќинот Јапонија, а Холандија за противник ја има Црна Гора.