Норвешка без еден од главните адути на ЕП – Лунде ќе стане мајка

Една од најдобрите голманки на сите времиња – Катрин Лунде, ќе го пропушти Европското првенство што ќе се одржи во Норвешка и Данска, како и Олимписките игри во Токио следната година.

Причината што ќе биде одвоена од ракометната игра е бременоста, што е втора за легендарната Лунде, која има 40 години.

Таа најави дека ќе ја пропушти само оваа сезона и веќе планира камбек за стартот на следната. Норвежанката има договор со Кристијансанд до 2023 година.

Во норвешката репрезентација на ЕП, голот ќе го бранат Емили Сандо од Битигхајм и Силје Солберг од Ѓер.