Нора Мерк: Јас сум како мачка – имам девет животи!

Норвежанката Нора Мерк која имаше многу проблеми со повреди во текот на кариерата во Инстаграм разговор со Едуарда Аморим најави дека едвај чека да се врати на теренот.

Мерк полека закрепнува од десетата операција после повредата поради која ја пропушти скоро целата сезона како играч на ЧСМ Букурешт. Таа штуотуку пристингна во ЧСМ, одигра неколку пријателски натпреварим, а на првиот официјален меч доживеа тешка повреда.

„Завршив со закрепнувањето, сега сум подготвена повторно да играм. Подготвена сум за започнам одново. Јас сум како мачка, имам девет животи! Не знам кога ќе продолжиме со тренинзите. Имавме акција со репрезентацијата во сегашните услови, бевме одалечени на еден метар, но барем се видовме, успеавме да играме и да шутнеме кон голот“, рече Нора Мерк.

Во последниот период норвешките медиуми најавуваат дека Мерк после само една сезона ќе ја напушти екипата на ЧСМ Букурешт и ќе се пресели во својата татковина во екипата на Вајперс Кристиансанд. Со оглед на финансиските проблеми на романскиот клуб голема е веројатноста да се оствари овој трансфер.