Нов корона удар – уште една службена победа во Лигата на Европа, трет тим директно во второ коло

По двете откажувања на норвешките тимови Хаслум и Арендал од Лигата на Европа, ЕХФ мораше на уште еден тим да му додели службена победа.

Шведскиот Кристијанштад и полскиот Азоти по откажувањата на Норвежаните се пласираа директно во второто квалификациско коло, а истиот случај важи и за данскиот Хослтебро.

Нивниот противник исландскиот Валур, поради ограничувањата на островот, не може да патува за Данска и да одигра макар еден натпревар, па ЕХФ немаше друго решение, освен елиминација за Валур и пласман на Холстебро во следната рунда.

Македонските екипи Металург и Бутел Скопје викендов ги стартуваат обврските во Лигата на Европа, додека Еурофарм Пелистер стартува во октомври.