Ниту во Данска нема повеќе да се игра ракомет сезонава!

По Норвешка, Шведска и Финска, и последната скандинавска држава реши да стави крај на шампионатите во двете конкуренции.

Данската ракометна федерација не само што веднаш ги прогласи шампионите, туку веднаш ги одреди и патниците во европските купови за следната сезона.

Во машка конкуренција за шампион е прогласен Алборг и ќе добие место во Лигата на шампионите, а ГОГ Гудме, Холстебро и Бјерингбро ќе играат во Лигата на Европа. Од следната сезона член на елитното друштво ќе стане Рингстед.

Во женска конкуренија за шампион е прогласен Есбјерг, кој добива место во Лигата на шампионите, додека во Лигата на Европа ќе играат Оденсе, Виборг и Икаст. Во следната сезона во елитното друштво ќе игра Вендсисел.