Никој од Данска не сака на меѓународна сцена, и деветтиот тим ќе биде дел од Лигата на Европа!

Екипите од првенството на Данска не сакаат да се натпреваруваат во европските натпреварувања. Федерацијата имаше многу проблеми да пријави клубови во женска конкуренција кои ќе играат во Европа.

Најпрво екипите на Силкеборг и Копенхаген одбија да учествуваат Лигата на Европа поради финансиски причини. Потоа исто така понудата за настап во Европа ја одбија и Рандерс и Архус. Екипата која го прифати предизвикот за настап во европските купови е Никобинг.

Составот на Никобинг доби шанса да игра во Лигата на европа откако четирите екипи подобро пласирани од нив го одбија местото во Европа. Па така деветто пласираниот тим на табелата доби неочекувана шанса. Есбјерг и Оденсе ќе играат во ЛШ, а Виборг, Икаст и Никобинг во Лигата на Европа.

Европските натпреварувања наредната сезона најверојатно ќе бидат значително ослабени со оглед на големиот број откажувања на екипите пред сè заради финансиски причини.