Никола Грубиќ од Охрид заминува во Луксембург

Тимот на Охрид денеска објави дека е прекината соработката со српскиот интернационалец Никола Грубиќ.

Десниот бек дојде во Охрид пред стартот на сезоната, имаше голема минутажа и доверба од тренерот Горан Андоновски, но веројатно не ги оправда очекувањата на охриѓани.

Конкуренцијата беше зголемена откако дојде босанскиот десен бек Дејан Шешиќ, кој имаше добри изданија на последните неколку меча. Бројката на интернационалци во Охрид сега се намали за еден и ќе има вкупно седум.

Никола Грубиќ од Охрид се сели во Луксембург и ќе настапува во составот на Ред Бојс Диферданж. Тренерот Андоновски во иднина на десната бековска позиција ќе смета на Шешиќ и на младиот Шипинкоски.

Во следното коло, Охрид ќе го пречека составот на Бутел Скопје.