Не си оди само Пасквал од Барса – нов клуб има и неговиот асистент

Екипата на Барселона во новата сезона ја очекуваат промени на тренерската клупа. Освен малите промени во играчкиот кадар, Барселона ќе треба активно да работи и да формира нов стручен штаб.

Шпанскиот шампион ќе има комплетно ново тренерско дуо. По главниот тренер, Чави Пасквал, каталонскиот клуб го напушта и неговиот асистент, Фернандо Барбето.

Барбето за новата сезона најде ангажман во францускиот шампионат и ќе биде главен тренер на екипата на Кретеј. Двете страни се договорија на двегодишна соработка.

Шпанецот на клупата на францускиот тим ќе седне од јули и ќе има можност искуството од Барселона да го искористи во новиот клуб како главен тренер.