Не мрда од Фленсбург – Менса Ларсен потпиша договор до 2026 година!

Данскиот ракометар од редовите на Фленсбург, Мадс Менса Ларсен потпиша нов договор кој ќе има важност до 2026 година. Претходниот договор на Ларсен истекуваше во 2024 година, но клубот уште од сега сакаше да го обезбеди за долги стази.

Договорот до 2024 Ларсен го потпиша минатата есен, а новиот потпис дојде после неговите одлични настапи во изминатите месеци.

„Во нашите последните две тешки години со голем број повреди Мадс се разви во апсолутен лидер, за мене е еден од најважните во тимот. Неговите квалитети можете да ги гледате секоја недела. Станува збор за голем професионалец и одлична личност која секогаш дава 100% за својот тим. Ние можеме да бидеме горди што имаме играч како него во тимот“, изјави Тренерот Маик Мачула.

Задоволство од потписот имаше и кај Ларсен.

„Многу сум среќен што ќе останам тука уште долго време. Моето семејство и јас се чувствуваме навистина добро, многу брзо сфатив дека сакам да останам уште долго тука и да продолжам да соработувам со овој стручен штаб“, изјави Ларсен.

Во редовите на Фленсбург Ларсена настапува од 2020 година кога пристигна од Рајн Некар Левен.