Несекојдневно финале – на терен ќе бидат дури 3 пара близначки

Во рамките од финалето од Европскиот куп во женска конкуренција, Локомотива Загреб од Хрватска и Ринкон Малага од Шпанија ќе играат за трофеј. На натпреварите помеѓу двете екипи ќе настапат дури три пара на близначки.

Во екипата на Локомотива Загреб има два пара сестри близначки, Стела и Паула Посавец се едниот пар, додека поискусниот го сочинуваат, Лариса и Дора Калаус.

На сестрите близначки од хрватската екипа на теренот ќе им се придружат и ракометарките на Ринкон Малага, Соледад и Есперанза Лопез, кои исто така се близначки.

Македонија ќе има свој претставник во финалето од Европскиот куп во името на Андреа Седлоска. Младата репрезентативка на Македонија оваа сезона го носи дресот на Локомотива Загреб.

Првиот натпревар помеѓу двете екипи е закажан за денеска со почеток од 18:00 часот во Малага, додека реванш натпреварот ќе се одигра во Загреб на 8 мај со почеток од 20:00 часот.