Нема крај на отказите за европските купови: И Олимпијакос не сака да игра

Второпласираниот тим од последната сезона која беше прекината и кај јужниот сосед, Олимпијакос одлучи во новата сезона да ги скокне натпреварите во европските купови.

Иако тимот од Атина имаше место во ЕХФ Купот раководството одлучи во новиот шампионат акцентот да се стави на играњето на домашното првенство. Тоа значи дека нема да се учествува во третото европско натпреварување, па нема да биде искористена шансата за настап.

Олимпијакос е тим кој стандардно игра во последните неколку сезони, но го загуби чекорот со Аек во првенството кое беше прекинато, па на зелена маса предност доби тимот на Аек.

Инаку, според информациите кои ги објавува greekhandball.com причината поради која Олимпијакос се откажа од наста во Лигата на Европа е од финансиска природа.