Нексе продолжи со шестмина – остануваат Вејин, Цар, Мелиќ…

Хрватскиот вицепрвак Нексе објави дека е продолжена соработката со неколку клучни играчи. Во клубот од Нашице остануваат Предраг Вејин, Александар Бакиќ, Лука Мославац, Морено Цар, Џанфранко Прибетиќ и најискусниот Фахрудин Мелиќ.

Поранешниот ракометар на Металург, десниот бек Предраг Вејин, заедно со екс репрезентативецот на Црна Гора, десното крило Фахрудин Мелиќ, во амбициозниот хрватски клуб ќе останат најмалку уште една сезона.

Левото крило на црногорската репрезентација Александар Бакиќ, кој имаше одлична сезона, доби нов договор со важност од две години.

Исто така, голманот Цар Морено и кружниот напаѓач Џанфранко Прибетиќ продолжија на уште две сезони, додека левиот бек Лука Мославац дресот на Нексе ќе го носи до јуни, 2026 година.

Нексе претходно ги ангажираше Мануел Штрлек (Веспрем), Марко Безјак (Магдебург), Гал Маргуч (Целје) и Адир Кохен (Трембле).