Некогаш беше најомразениот ривал на Кометал ЃП, сега едвај дојде до титула

Екипата на Хипо дојде до титулата во Купот на Австрија, но до неа стигна многу потешко од очекувањата бидејќи во финалето го совлада тимот на Агерсдорф со 27:25.

Противникот беше во предност од 12:9 на полувреме, но во вториот дел составот на Хипо успеа да надомести и да го сврти резултатот во своја полза.

Ова е вкупно 30. титула за ракометарките на Хипо, но тоа не е веќе така застрашувачки состав како некогаш. Повеќе немадоминација, а тоа ни од далеку не е истит тим кој во минатото беше најомразениот или најжестокиот ривал на Кометал Ѓорче Петров во Лигата на шампионите.

Добро е познато дека после финалето со Хипо и ударот над Гунар Прокоп во СРЦ „Кале“, Македонија беше под едногодишна меѓународна суспензија и во 2000/01 ниту еден тим не играше во европските купови, а репрезентациите натпреварите како домаќини ги играа надвор од Македонија.