Некогашниот европски првак се врати во Бундес лигата

Екипата на Хамбург на коло пред крајот во Втората Бундес лига има недостижна предност во однос на останатите противници и клубот повторно ќе се врати во најквалитетното натпреварување на светот.

По освојувањето на титулата во Лигата на шампионите во 2013 година, Хамбург во наредниот период имаше финансиски проблеми. Во 2016 година клубот настапуваше во Третата Бундес лига, а од 2018 година беше дел од Втората Бундес лига.

Со камбек во најсилната лига на светот, Хамбург ги зголеми своите амбиции и успеа за следната сезона да го ангажира искусниот голман на германската репрезентација, Јоханес Битер. Во екипата ќе пристигне и поранешниот репрезентативец на Германија, Мануел Шпат.

Хамбург го посакуваше и репрезентативецот на Македонија и екс член на Металург, Мартин Серафимов, но младиот ракометар ќе остане дома.

Освен Хамбург, место во најсилната Бундес лига обезбедува и второпласираниот од Втората Бундес лига. За таа позиција се борат две екипи, Гумерзбах и Либек.