Некогашен играч на Металург се сели во финскиот Кокс

Повремениот репрезентативец на БиХ и екс ракометар на Металург, Игор Мандиќ, од следната сезона ќе настапува за поранешниот фински шампион Рихимаки Кокс.

Мандиќ со раководството на Кокс потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на истиот на уште една година.

Левиот бек во својата татковина настапуваше за екипите на Борац од Бања Лука и Приедор. Две сезони го носеше дресот на Металург, 2012/13 и 2013/14. По две сезони во Скопје, Мандиќ се пресели во француската втора лига, поточно во Лимож  каде што помина шест сезони. Во оваа сезона го носеше дресот на Селеста.

Искусниот ракометар, кој најмногу игра во одбрана, во новиот клуб ќе ја зголеми балканската колонија.

Во Кокс, моментално, настапуваат неколку ракометари од Балканот, меѓу нив ѐ и поранешниот голман на Работнички и Вардар Јуниор, Јоаким Анѓеловски, како и хрватскиот интернационалец, Никола Кеџо, кој, исто така беше дел од Металург.