Некогашен гигант од Шведска прави респектабилен тим

Поранешниот гигант од Шведска, Хамарби, за следната сезона планира да создаде поконкурентен тим во домашниот шампионат.

За остварување на зацртаната цел ќе треба да донесе неколку квалитетни засилување. Според пишувањата на шведскиот портал Handbollskanalen, две звучни имиња ќе бидат првите засилувања во екипата на Хамарби.

Станува збор за средните бекови Хенрик Олсон и Карл Јосеф Пујол. Двајцата ракометари настапуваат во Франција, Олсон е дел од Истр, додека Пујол го носе дресот на Данкерк.

Предводник на Хамарби е некогашниот член на Мелсунген и Фленсбург, Патрик Фахлгрен. Поранешниот репрезентативец на Шведска заедно со неговите избраници се пласираа во полуфиналето во плеј-оф фазата во шведскиот шампионат и најверојатно ќе изборат место во Европа.

Во минатото, дресот на Хамарби го носел еден од легендите на светскиот ракомет Штафан Олсон, потоа Микаел Апелгрен, Лукас Карслон, Фредрик Петерсон, Лукас Пелас…

Хамарби во 2006, 2007 и 2008 година го освојуваше првото место во домашниот шампионат. Во Европа учествуваше во периодот од 2005 до 2009 година, но без забележителни резултати.