НЕВЕРОЈАТНО: За 24 минути прими само еден гол – и тоа од пенал! (ФОТО)

Тимот на Нант славеше на гостувањето кај Данкерк со убедливи 15-34, а на полувремето тимот каде што настапува капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров, водеше со 3-16!

За тоа главен виновник е голманот на Нант, Емил Нилсен, кој до 24 минута имаше примено само еден погодок – и тоа од пенал. Дотогаш собра осум одбрани од деветте шута на противниците.

До крајот на полувремето прими уште само два гола, што исто така е показател за одличната партија на данскиот репрезентативец.

Во второто полувреме Лазаров и соиграчите се опуштија, бидејќи победникот беше решен, одбраната и не беше така фокусирана како во првиот дел, па домашниот тим имаше можност да постигне повеќе погодоци.

Дали ваквата партија на Нилсен, ќе биде уште поголема мотивација пред дерби натпреварот со ПСЖ, останува да видиме.