На 23 години станал сениорски тренер, сите играчи биле постари од него

Поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија, а сега на позицијата селектор на Хрватска, Лино Червар и понатаму е постојано интересен во јавноста поради своите изјави и приказни кои ги има.

Во својата последна изјава тој открива интересен момент кој досега не беше познат, а тоа е на колку години станал тренер на сениорски тим.

„Не сакам да бидам судија на никого. За разлика од другите тренери јас сум можеби од ретките кои навистина минаа сè. Од почеток до крај. Растев водејќи прво млада екипа, кадети, јуниори… Еве еден детаљ кој многумина не го знаат. Станав сениорски тренер со 23 години. Морам ова да го кажам, ова многумина не не го знаат ниту сум го споменувал и во автобиографијата некогаш. Искрено ќе кажам дека јас бев најмладиот член на екипата. Сите играчи беа постари од мене. Мислев дека сум најдобар, сакав предизвици и со младиот клуб кој го водев. Се сеќавам на тоа како да беше вчера, бев успешен. Тоа е жива вистина“, вели Червар.

Неговиот прв клуб бил Новиград, но малку недостигало ова мало место тогаш да влезе во Втората лига на Југославија. Затоа тоа му успеа со Умаг, па стигна и повеќе го внесе тимот во најсилната лига.

„Не знам колкумина се сеќаваат, но има тројца браќа Зовко, а најмладиот е Виктор. Тој играше во Славонија Ди од Славонски Брод, а јас го водев Новиград кој имаше 800 жители. Доколку мојот најдобар играч ја играше првата средба и тогаш би се пласирал во Втората лига на Југославија, која беше посилна од сегашната Прва хрватска лига. Со ова сум кажал сè. Без комплекси, без ништо одев напред и само напред. После тоа го презедов Умаг од 5. лига и го донесов до Првата лига на Југославија“, коментира еден од најдобрите тренери на сите времиња.

Червар својот последен успех го имаше со Хрватска во јануари кога на Европското првенство беше освоен сребрениот медал.