На 17 години со трансфер во Германија: Мила Пешиќ потпиша за Гутерслох

Кадетската и младинска репрезентативка на Македонија, Мила Пешиќ, ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Кружниот напаѓач потпиша договор со тимот на Гутерслох, кој се натпреварува во пониските лиги во Германија.

Пешиќ, која има само 17 години, досега го носеше дресот на Вардар и беше важна алка во кадетскиот состав.

Беше дел од кадетската репрезентација на Македонија, која во Литванија го освои златниот медал на ЕХФ шампионатот.