Најомразената судиска двојка во Македонија се раздели по 24 години!

По долга соработка од 24 години, данската судиска двојка Мадс Хансен и Мартин Гјединг нема повеќе да работи заедно на ракометните терени.

Данските арбитри имаат значка на ЕХФ од 2002 година, додека значката на ИХФ ја добија во 2004 година.

Имаат судено на ОИ 2008, финале на женското СП 2009, финале на женското ЕП 2010, финалиња во ЛШ за жени и мажи, ОИ 2016, ИХФ Супер Глоуб, а последниот голем настан им е финале на машкото СП 2017.

Гјединг и Хансен е најомразената судиска двојка во Македонија, а најголемите негативни реакции Данците добија по мечот меѓу Вардар и Барселона во Скопје пред четири сезони.

Претходно го судеа и мечот меѓу Тунис и Македонија на олимписките квалификации во Гдањск, на кој нашата репрезентација остана без место на ОИ.