Најдобриот тренер од Данска ќе го предводи скапиот проект на Кастамону

Според шпекулациите во турските медиуми, тренерот на женскиот клуб Копенхаген, Клаус Могенсен, од следната сезона ќе го предводи скапиот проект на Кастамону.

Актуелниот турски шампион е во потрага по нов тренер за следната сезона бидејќи раководството на клубот ги зголеми своите амбиции и најверојатно ќе атакува на висок пласман на европска сцена.

Моментално, Могенсен го предводи тимот на Копенхаген и со неговите избранички бележи солидни резултати во данскиот шампионат. Во својата кариера беше тренер и на данскиот суперлигаш, Архус, како и на норвешки Бјасен.

Во сезона 2016/2017 беше прогласен за најдобар тренер во Данска, додека во 2016 година го доби првото признание надвор од границите на својата татковина. Поради одличните резултати со Бјасен, Могенсен ги освои норвешките симпатии и ја доби наградата за најдобар тренер во Норвешка.

Кастамону за следната сезона ангажираше неколку атрактивни засилувања. Прво засилување во амбициозниот проект на Кастамону беше репрезентативката на Данска, Симоне Бем, која во клубот ќе пристигне заедно со нејзината партнерка од Хрватска, Катарина Јежиќ.

Пред извесен период Кастамону промовираше уште две засилувања – Aзенаиде Карлос од Ангола и Самара Да Силва од Бразил.

Кастамону не запира – потпишаа и со третото засилување!

Каде оди Бем, таму и Јежиќ – Хрватката потпиша за турскиот Кастамону