Кастамону не запира – потпишаа и со третото засилување!

Турски Кастамону го потврди и третото засилување за наредната сезона, после Симона Бем и Хрватката Катарина Јежиќ потпишаа и со Aзенаиде Карлос.

Репрезентативката на Ангола во овој момент настапува во романското првенство Рапид, а претходно го носеше дресот на Подравака и Бера-Беру. Со националниот тим трипати го освојуваше Африканскиот куп.

„Среќна сум што се придружувам на ова семејство, со нетрпение чекам да ги запознаам моите нови соиграчи, за мене ова ќе биде ново искуство и подготвена сум за тоа“, изјави Карлос.

Договорот на Карлос со турскиот клуб стапува на сила од наредната сезона, актуелната ќе ја заврши во Рапид.