Најдобриот стрелец од СП 2021 ги напушти подготовките на Катар пред Мундијалот!

Најдобриот стрелец од Светското првенство во Египет во 2021 година, Франкис Карол Марсо, го напуштил репрезентативниот камп на Катар.

Причините не се официјално објавени, но многу веројатно е дека Кубанецот со катарски паскош нема да игра на претстојниот Мундијал.

Катар се подготвува за настапот на СП, а се наоѓа во тешка група со Германија, Србија и Алжир.

Според информациите на Твитер каналот „Benthaniqatar“, Марсо заминал во Кувајт, каде ќе му приклучи на неговиот тим Ал Кувајт.