„Натпреварот ќе биде незгоден, но сè зависи од Вардар“

По неколкумесечна пауза, СЕХА лигата продолжува со многу важен натпревар, дуел со кој се одлучува кој ќе биде последниот учесник на Ф4 турнирот што се одржува во Задар.

Вардар го пречекува хрватски Нексе, на реванш четвртфиналниот натпревар. Македонскиот тим славеше на првиот натпревар одигран во Нашице во март со 31-30.

„Црвено-црните“ влегуваат со мотив да ја продолжат традицијата од претходните осум сезони и повторно да игра на Ф4 и да се бори за титулата. Голманот Борко Ристовски вели дека се ќе зависи од вардарци.

„Пoсле една долга пауза не чека меч што ќе биде нeзгоден. Нема да биде можеби убав натпревар за гледање, таму победивме со еден гол, но тоа ништо не гарантира. Ние сме екипа во создавање, тие се долго време заедно. Не чека тежок меч за играње. Треба да бидеме претпазливи, нема да биде лесно. Ова е прв меч и се ќе биде поразлично. Ако сакаме да ја почнеме сезоната како што сакаме треба да бидеме целосно сконцентрирани на противникот. Тие играат 7 на 6, ќе имам доста работа за одбраната и голманите. Ќе треба доста работи да завршиме, но се зависи од нас. Одбраната досега беше подобар и постабилниот дел од екипата, треба да се подобри уште, но сме квалитетни и сме стабилизирани. Не смее да се промашуваат чистите позиции што досега го имавме. Играчите што сега ги има Вардар знаат како да ја наместат формата“, вели Ристовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.