Наташа Антиќ и Скара ќе разигруваат за титулата во Шведска

Тимот на Скара, каде што настапува македонската голманка Наташа Антиќ, одигра нерешено кај Кунгалвс во натпреварот од 22 коло во шведскиот шампионат.

Дуелот заврши 26-26, но и тој бод беше доволен за Скара да обезбеди место во разигрувањето за титулата, кое се уште не е јасно кога ќе започне поради ситуацијата со коронавирусот.

Боден, каде што игра Стефанија Мишевска, загуби дома од Онередс со 22-31 и ќе мора низ плеј-аут да го избори опстанокот за следната сезона.

Македонската интернационалка на овој натпревар постигна еден погодок.