Нант продолжува во победнички ритам, остана во трка за 2. место

Екипата на Нант останува на 3. место во најсилната лига на Франција после денешната победа на гостувањетокај тимот на Истр со 33:26.

Овој триумф го остави Нант на четири бода до Монпелје и на пет кола до крајот со шанса за да дојде до позиција која би дала надеж дека и следната година ќе се игра во Лигата на шампионите.

Нант немаше никакви проблеми за да обезбеди победа против тимот на Истр и беше во постојана предност. Високите седум гола на крајот се само одраз на она што се случуваше на теренот.

Лазаров на овој дуел имаше само еден погодок и тоа од линијата од седум метри. Во победничкиот состав најефикасен беше Валеро Ривера со седум гола, додека на средбата прв стрелец беше Дауд Хичем од Истр кој погоди дури десетпати.

Сепак, Нант на овој дуел штедеше сили за пресметката со Веспрем од реваншот во четврт-финалето од Лигата на шампионите така што таму се очекува главното.