Нант и Лазаров со спектакуларен камбек, за 70 секунди дадоа три гола за реми против Тулуз

Тимот н Нант, каде што настапува македонскиот капитен и селектор Кире Лазаров, ремизираше на гостувањето кај Тулуз, 29-29. Иако домашните водеа со 29-26 во финишот, сепак Нант преку Балагер, Брие и Ривера стигна до бод.

Веројатно емоционално испразнети по триумот над Келце и пласманот во четвртфиналето, но и уморни, ракометарите на Нант немаа решение за разиграните домаќини.

Нант водеше по првиот дел со 13-14, а најчесто се играше гол за гол. Во вториот дел, по 17-17 Тулуз се одлепи на 20-17, потоа и на 24-20. Сепак гостите не се откажуваа и на крајот успеаја да стигнат до бод рамен на победа со трите гола за 70 секунди.

Лазаров немаше голема минутажа на овој натпревар и успеа да постигне два гола од четири обиди. Следниот натпревар за Нант е дербито против ПСЖ.