Навивачите на Вардар во акција: Игоре, врати се! (ФОТО)

Откако вчера 24Ракомет објави дека е направен првиот чекор за камбек на Игор Карачиќ во европскиот шампион Вардар, навивачите на „црвено-црниот“ тим веднаш се огласија на социјалните мрежи.

Тие отворија група на Фејсбук – „Карачиќ да се врати во Вардар“, која за помалку од 20 часа собра околу 1000 лајкови.

Навивачите знаат колку беше важен придонесот на хрватскиот интернационалец во играта на Вардар, па затоа посакуваат камбек на Карачиќ во Скопје.

Во прилог оди и фактот што финансиската ситуација во Келце се уште не е јасна, па останува во следниот период да видиме дали полскиот тим ќе се откаже од услугите на еден од тројцата најскапи ракометари заедно со Душебаев и Вулф.