Мркиќ по навика – совлада уште една голманка од 15 метри! (ВИДЕО)

Поранешната ракометарка на македонските клубови, Кометал ЃП, Ѓорче Петров и Жито Прилеп – Савица Мркиќ, дефинитивно станува ноќна мора за сите голманки во италијанскиот шампионат.

Левиот бек од Македонија во противничката мрежа постигна 12 погодоци, а последниот погодок за својата екипа, кој беше постигнат во последните десет секунди од натпреварот, успеа да го реализира дури од 15 метри.

Мркиќ повторно одигра ефикасен натпревар во дресот на Ериче, но нејзиниот тим беше поразен во дерби дуелот против Бриксен со три гола разлика, 33:30.

Ова не е првпат, Мркиќ да постигнува голови од 15 метри. И во претходниот натпревар против Лено, ракометарката од Македонија погодуваше од средината на теренот. Фантастичниот гол на Мркиќ може да го погледнете на видеото во продолжение.

Maкедонско девојче растура во Италија – Мркиќ дава голови и од 15 метри! (ВИДЕО)