Maкедонско девојче растура во Италија – Мркиќ дава голови и од 15 метри! (ВИДЕО)

Интернационалката од Македонија, Савица Мркиќ одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Ериче и со 13 постигнати погодоци го предводеше нејзиниот тим до голема победа против Лено со 16 гола разлика, 38:22.

Мркиќ на овој натпревар беше незапирлива на теренот. Постигнуваше погодоци како од шега, делеше асистенции кон нејзините колешки и беше најзаслужна за високиот триумф, со кој Ериче ги задржа шансите за пласман меѓу најдобрите пет екипи во шампионатот на Италија.

Еден од погодоците на Мркиќ, кој беше постигнат во второто полувреме, дефинитивно го одбележа натпреварот, а коментаторите низ преносот беа воодушевени од играта и од фантастичниот гол на „Македонското девојче“ во Италија.