Мркиќ незапирлива, но не можеше сама против сите – даде дури 15 голови!

Македонската интернационалка Савица Мркиќ и нејзината екипа Ериче беа поразени во дерби дуелот против Падова со резултат 30:29 во натпревар од 13. коло во најквалитетното натпреварување во Италија.

Во големата битка за важни бодови, Мркиќ одигра фантастична партија и натпреварот го заврши како најефикасна со дури 15 постигнати погодоци и неколку запишани асистенции, но немаше голема поддршка од нејзините колешки.

Ракометарката од Македонија исто како и претходната сезона продолжува да ги полни мрежите на своите противници низ Италија. Мркиќ во Ериче пристигна на почетокот на оваа година и успешно се снајде во новата средина.

Екипата на Ериче се наоѓа на 8. позиција на табелата со 12 освоени бодови и има големи шанси да обезбеди пласман меѓу првите пет екипи на табелата.