„Моја жална Македонијо…Кометал ЃП, Вардар…кој е следен?“ (ФОТО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски преку социјалните мрежи даде свој коментар во врска со случувањата во македонскиот шампион Вардар.

Како што е веќе познато, Вардар остана без настап на европска сцена, односно без место во Лигата на шампионите, откако ЕХФ одлучи да го исклучи најтрофејниот македонски клуб поради неисплатени долгови.

Ристовски е гневен што голем број од македонските брендови останаа без поддршка од државата.

,,ФК Вардар, РК Вардар, КК Работнички, ЖРК Кометал. Брендови на Македонија?? Кој е следен? А, да … други ни се криви! Моја жална Македонијо!“, напиша Ристовски.