Мотор ослабен доаѓа кај Вардар: Во еден ден двајца играчи си заминаа од Запорожје!

По дуелот со Кил во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар ќе играат во Скопје со украинскиот првак Мотор Запорожје, кој ќе допатува со ослабен ростер во македонската престолнина.

Тренерот Ростислав Ланевич еден ден остана без двајца важни играчи. Станува збор за Станислав Жуков и Денер Јанима, кои ставија потпис на договорите со рускиот Спартак Москва.

Жуков е лев бек, кој ќе му прави друштво на Александер Деревен, а покрај за Мотор, има настапувано за бундеслигашот Гумерсбах. Јанима е десен бек, кој во Спартак ќе формира дуо со Игор Радојевиќ, а пред Мотор беше дел од Кил, Либек и Мелсунген.

Дуелот меѓу Вардар и Мотор Запорожје се игра на 15 февруари со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.