Мотор зариба во Нови Сад, Вардар одново доби шанса за прво место

Екипата на Мотор Запорожје која е лидер во Групата Б од СЕХА лигата загуби на гостувањето во Нови Сад кај Војводина со 27:30. Со ова Вардар повторно се најде во трка за првото место во групата.

Оваа победа на тимот на Војводина донесе интересна ситуација на табелата, па може да се случат многу промени до крајот на регуларниот дел,а треба да се одигра уште едно коло.

Војводина беше подобра од Мотор откако во поголемиот дел беше во предност. Најголемата разлика ја имаше во завршницата на првото полувреме кога водеше со 15:10, но на одмор замина со 18:15.

Во вториот дел тимот на Мотор израмнуваше неколкупати. Имаше првпат 19:19, а последен пат 24:24. Тука домашните одново успеаја да направат предност така што на крајот се изборија за три бода од овој дуел со победа од 30:27.

Војводина денеска беше без најискусниот и главен играч во тимот, Немања Прибак, но одлични на теренот беа голманот Арсениќ кој одбрани 11 удари, Јовица Николиќ (постигна девет гола) и Бранко Томиќ (седум погодоци). Во Мотор по шест гола имаа Маласинскас и Пухоуски.

Сега во Групата Б по девет бода имаат Мотор, Нексе и Вардар, а одлуката за распоредот на позициите ќе падне после одигрувањето на средбите Војводина-Вардар (нема точен термин) и Мотор – Нексе (3 април).

СЕХА ЛИГА – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000